Диего Марадона Јуниор, синот на фудбалската легенда Диего Марадона, тврди дека неговиот татко би навивал за тимот на Лучано Спалети во пресметката во Лига Европа против Барселона.
На „Ноу Камп“ вечерва ќе се судрат двата поранешни клубови на Марадона и Диего Јуниор смета дека нема шанси неговиот татко да навива за Барселона.
„Ова сигурно ќе беше негов натпревар поради тоа што го даде на двата клуба, но поради тоа што го видов пред две години, немам сомнеж дека ќе се надеваше на победа на Наполи. Сигурен сум. Тоа што го имаше во Неапол беше посебна врска, ги помина најдобрите години тука. Тие го одбележија неговиот живот толку многу“, вели Диего Јуниор.
Тој исто така зборуваше за реваншот, кој се игра на стадионот кој го носи името на неговиот татко.
„Прекрасно чувство е, не само за мене, туку и за моите деца, бидејќи првиот го носи името Диего, што еден ден ќе кажат дека стадионот го носи името на неговиот дедо“, додава Диего Јуниор.
#UltimeNotizieCalcioNapolieaggiornamentih24 Maradona jr: “Barcellona-Napoli è la partita di mio padre, lui però scelse gli azzurri”: Maradona jr: “Barcellona-Napoli è la partita di mio padre, lui però scelse gli azzurri”
Diego Junior, figlio di Diego… https://t.co/hzrh2taHmI pic.twitter.com/qjAeTNoknp
— sportlive (@sportli26181512) February 17, 2022