Иако тој самиот подобро се снаоѓа во одбраната, синот на ѕвездата на Реал Мадрид, Марсело, има подобар осет за гол.
Енцо Алвеш Виеира има 9 години, и во својот физички изглед несомнено потсетува на славниот татко, кој се пофали на социјалните мрежи со трите гола кои ги постигна за младинскиот тим на Реал.
Енцо, кој го носи истиот број 12 како и неговиот татко, посебно го импресионираше тато со одличниот гол со волеј удар.