Лионел Меси синоќа шести пат во кариерата ја доби Златната топка на „Франс Фудбал“, меѓутоа шоуто на свечената церемонија во Париз го „украде“ неговиот син Матео.
Во првиот ред покрај Меси седеше само Вирџил ван Дајк, Кристијано Роналдо не се појави на церемонијата,, а зад нив беа синовите на Аргентинецот Тијаго и Матео.
Кога неговиот татко го прогласија за најдобар во светот малку фалеше од преголема возбуда Матео да падне од столчето. Неговата реакција е хит на социјалните мрежи.
Messi's son was too hype ❤️
(via @francefootball) pic.twitter.com/KbJJDtdK4b
— Bleacher Report (@BleacherReport) December 2, 2019