Top Sport

Сирија не успеа да ја помине Австралија

Фантастичниот квалификациски пат на Сирија заврши во Сиднеј, откако Австралија во продолжението го совлада лидерот благодарение на голот со глава на Тим Кејхил. Сега, Австралија ја чека уште еден бараж, овојпат против тим од Северна Америка и Карибите – Панама, Хондурас или САД.

Откако првиот натпревар, кој Сиријците го играа на „домашен“ терен во Малезија заврши со 1:1, Омар ал Сомах и даде на нацијата растргната со војна надеж за пласман на СП во Русија, со рано водство, уште во шестата минута. Но, 37-годишниот Кејхил бргу израмни во 13. минута со удар од глава. Сиријците играа со играч помалку откако Махмуд ал Мавас беше исклучен, пред Кејхил да го постигне победничкиот гол по нафрлање на Роби Крусе.

Успехот на националнито фудбалски тим привлече огромно внимание во Сирија. Во живо преку големи ТВ-бимови натпреварот се следеше на плоштадот „Умајад“ во Дамакс, но и во Алепо, Хомс и Свеида. Сирија досега нема играно на ниту едно Светско првенство.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top