Неделниот меч од Лига 1 меѓу Нант и Ним сите навивачи на „канаринците“ можат да го гледаат за само 9 евра во чест на Емилијано Сала, чие тело денеска беше идентификувано во авионот кој падна во Ла Манш минатиот месец.
Клубот сака стадионот „Божоар“ да се наполни во чест на аргентинскиот фудбалер кој го носеше дресот со број 9, и затоа сите билети ќе чинат 9 евра.
„За да можат сите навивачи, заедно со фудбалерите, да му оддадат последна почест на Емилијано Сала, целиот стадион ќе чини девет евра во недела“, се вели на Твитер профилот на Нант.
Полицијата на Дорсет во Велика Британија минатата ноќ потврди дека телото извлечено од авионот е на Емилијано Сала.
Pour qu’un maximum de supporters puisse, avec les joueurs, rendre un ultime hommage à Emiliano Sala pour #FCNNO, tout le stade est désormais à 9⃣€ dimanche.
Votre place :
? https://t.co/tMYptGd3xQ pic.twitter.com/gNKxPEhIqp— FC Nantes (@FCNantes) February 8, 2019