Top Sport

Сите фудбалери на Копа Америка ќе бидат вакцинирани, УЕФА не планира вакво нешто

Јужноамериканската фудбалска конфедерација (ЦОНМЕБОЛ) потврди дека ќе има достапни 50.000 кинески вакцини за КОВИД-19 за имунизација на сите фудбалери пред Копа Америка ова лето.

Јужноамериканскиот шампионат се оддржува од 13 јуни до 10 јули во Аргентина и Колумбија, и ќе учествуваат само 10-те традиционални репрезентации: Бразил, Аргентина, Колумбија, Чиле, Венецуела, Еквадор, Уругвај, Парагвај, Перу и Боливија.

Кинеската фарамецвтска компанија „Синовак“ ги донира потребните вакцини.

„Ова е најдобрата вест за јужноамериканскиот фудбал. Ја поздравуваме солидарноста и поддршката од ‘Синовак’, компанија која сфаќа дека фудбалот е клучен за економијата, културата и физичкото и менталното здравје“, изјави претседателот на ЦОНМЕБОЛ, Алехандро Домингез.

УЕФА досега ги отфрлаше сите предлози за задолжително вакцинирање на Европското првенство, кое стартува на 11 јуни, со Македонија како една од земјите учесници.

Scroll to Top