Девет бода во првите осум кола и 12 место на табелата се јасен знак дека на менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер му се „тресе столчето“. Норвежанецот го критикуваат од сите страни за најлошиот старт на „црвените ѓаволи“ во историјата на премиер лигата.
Покрај Солксјер најмногу критики добива играчот кој е донесен да биде лидер на овој тим, Пол Погба.
Токум за Погба говорел поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, кој работи како аналитичар за телевизијата „beINSports“.
Како прво мислам дека Погба не е 100 отсто физички подготвен, а таков играч мора во целост да биде подготвен бидејќи поседува голема физичка моќ. Сепак кога играч ќе побара трансфер, а клубот тоа не му го дозволува, тогаш тоа ќе се одрази врз неговата форма и врз она што ќе го прикажува на теренот“, рекол Венгер и заклучил.
„Мислам дека тој се однесува како играч на кого му е јасно дека Манчестер Јунајтед не можат да ја освојат титулата“.
Пол Погба досега одиграл само шест натпревари на кои постигнал само еден гол.