Top Sport

Сите се чудат на осетот на топка на Анчелоти, заборавиле каков играч беше Карлето

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти веќе неколку децении покажува зошто е еден од најценетите фудбалски тренери на светот со успех со повеќе клубови, но на вчерашниот меч против Челси во ЛШ, покажа дека уште има осет за топка и потсети дека на времето бил успешен и како фудбалер.

Анчелоти по настапите за Парма и Рома (со која освои скудето во 1983), пристигна во Милан во 1987 година, и до 1992 година кога го повреди коленото беше незаменив во легендарниот состав на тренерот Ариго Саки, освојувајќи две титули од Серија А (1988 и 1992), два Европски купови (1989 и 1990).

Каков играч беше Карлето најдобро покажува голот кој му го постигна токму на Реал Мадрид во дресот на „росонерите“ во полуфиналето на Европскиот куп во 1989 година, кога Милан победи со 5:0.

Scroll to Top