Top Sport

Сити без мака против четвртолигашот Свиндон

Иако беа без менаџерот Пеп Гвардиола, Манчестер сити од респект ги постави своите најголеми ѕвезди на мечот од ФА купот против четвртолигашот Свиндон таун за да стигне до рутинска 1:4 победа за пласман во 1/16 финалето на најстарото клупско натпреварување на светот.

Бернардо Силва во 14. минута и Габриел Жесус во 28. минута ја осигураа победата на лидерите во Премиерлигата, пред во второто полувреме Илкај Гундоган да зголеми на 0:3 во 59. минута. Габриел Жесус имаше шанса за уште еден гол, но утна пенал само три минути подоцна. Хери Мекирди во 78. минута се погрижи за радост на домашната публика, со одличен гол за утеха на Свиндон, пред тинејџерот Кол Палмер да ги постави конечните 1:4.

Scroll to Top