Top Sport

Гладбах е нерешлива енигма за Баерн Минхен!

Иако немаа победа во последните пет меча (од кои четири загубија), Борусија Менхенгладбах стигна до 2:1 победа на гости кај Баерн Минхен на стартот на „пролетниот“ дел во Бундеслигата, нанесувајќи му го на шампионот само третиот пораз оваа сезона.

Да потсетиме, Борусија исто така успеа да го совлада Баерн со неверојатни 5:0 во Германскиот куп во октомври.

И покрај тоа што во тимот на Баерн недостасуваа неколку фудбалери поради кризата со КОВИД-19, на „Алијанц арената“, Јулијан Нагелсман изведе тим кој беше фаворит со Левандовски, Милер, Кимих, Павар, Мусијала…

Левандовски ги донесе Баварците во водство во 18. минута од мечот, но „ждребињата“ потоа направија целосен пресврт до крајот на полувремето. Флоријан Нојхаус израмни во 27. минута од мечот, пред само пет минути подоцна, Штефан Лајнер да обезбеди водство за тимот на Ади Хитер.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top