Top Sport

Сити „газеше“ пред Божиќ (видео)

Манчестер сити стигнаа до 101 гол во календарската 2017 година, откако во 19. пред-божиќно коло во Премиер лигата со 4:0 го совладаа тимот на Бурнемаут.

Серхио Агуеро постигна два гола, и намести уште еден за лидерите да стигнат до 17-тата победа во Премиер лигата. „Црешите“ успеаја да ги исфрустрираат Сити пред Асмир Беговиќ со лоша интервенција да го „намести“ додавањето на Фернандињо до Агуеро за водство од 1:0

Рахим Стерлинг зголеми на 2:0 на почетокот на второто полувреме, по одличната асистенција на Агуеро, кој го постигна и 100. гол на Сити, овојпат по додавање на Бернардо Силва. Данило ја комплетираше победата на пет минути пред крајот со својот прв гол во синиот дрес. Сити сега имаат 14 поени предност пред Манчестер јунајтед, кои во 20.45 гостуваат кај Лестер.

Вест Хем пак, пропуштија одлична шанса за победа, откако Њукасл стигна до сите три поени во интересната 2:3 победа на „Лондон стадионот“. Њукасл имаа освоено еден поен во последните девет меча од Премиер лигата, но му го нанесоа првиот пораз на Дејвид Мојс како тренер на „чеканите“.

ПРЕМИЕР ЛИГА, 19.КОЛО

Брајтон – Ватфорд 1:0

Манчестер сити – Бурнемаут 4:0

Саутемптон – Хадерсфилд 1:1

Стоук – Вест Бром 3:1

Свонси – Кристал Палас 1:1

Вест Хем – Њукасл 2:3

Scroll to Top