Top Sport

Сити ги „наполни“ Ротерам, Фулам загуби од четвртолигашот Олдам (видео)

Манчестер сити се пласираше во шестнаесетфиналето на англискиот ФА куп, откако со 7:0 го декласираше второлигашот Ротерам, додека маките на Фулам продолжија и под водство на Клаудио Раниери, откако Александар Митровиќ утна пенал во финишот на мечот, по што тие беа елиминирани од четвртолигашот Олдам.

Рахим Стерлинг, Фил Фоден, Габриел Жесус, Ријад Марез, Никола Отаменди и Лирој Сане постигнаа голови за актуелниот англиски шампион, а Ротерам си даде уште еден автогол за вистинско гол-шоу на „Етихад“ и лесно поминување на Сити.

На „Крејвен котиџ“, пак не беше така. Фулам дојде до водство преку Денис Одои на стартот на второто полувреме, но гостите израмнија во 76. минута со гол од пенал. Митровиќ имаше шанси да го реши победникот, но во 84. минута го утна ударот од белата точка, пред Калам Ланг во 88. минута да им донесе славна победа на Олдам.

Лидс јунајтед на македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски исто така не успеаја да го минат четвртото коло, откако загубија со 2:1 на гостувањето кај ривалите од Чемпионшип, Квинс парк ренџерс.

ФА КУП, 4.КОЛО

Фулам – Олдам 1:2

Манчестер сити – Ротерам 7:0

Милвол – Хал 2:1

Престон – Донкастер 1:3

Квинс парк ренџерс – Лидс 2:1

Шефилд јунајтед – Барнет 0:1

Вокинг – Ватфорд 0:2

Scroll to Top