Top Sport

Лацио со слатка победа на „Сан Сиро“ за куп финале (видео)

Лацио стигна до важна 1:0 победа на гостувањето кај Милан во првиот меч од полуфиналето на Копа Италија, одмаздувајќи се за контроверзниот пораз во Серија А и добивајќи шанса да се бори за трофеј.

Откако поразот во дербито предизвика контроверзи по случајот со дресот на Ачерби кој Бакајоко и Кеси го држеа како трофеј, „аквиле“ пак пристигна во Милано како аутсајдер, но овојпат издржа за победа.

Човек на одлука беше Хоакин Кореа, кој по еден брз контра-напад успеа да го совлада Пепе Реина во 58. минута. Во второто полуфинале од Копа Италија играат Фиорентина и Аталанта.

Scroll to Top