Top Sport

Сити го потврдија трансферот на Лапорт во Ал-Наср

Манчестер сити го потврдија трансферот на Ајмерик Лапорт во саудискиот Ал-Наср, каде што ќе му биде нов соиграч на Кристијано Роналдо.

29-годишниот Лапорт помина пет години во тимот на Пеп Гвардиола, и иако на почетокот беше стандарден првотимец во составот, минатата сезона ја немаше постојната доверба на менаџерот. Дека за него нема место во тимот стана јасно кога Сити го купија 21-годишниот Јошко Гвардиол од РБ Лајпциг.

Лапорт потпиша тригодишен договор со Ал-Наср, каде што наводно ќе заработува по 10 милиони евра по сезона.

Scroll to Top