Top Sport

Сити ја добива битката за Халанд, огромна плата за него, спектакуларна провизија за агентот

Англискиот шампион Манчестер Сити на лето ќе го доведе Ерлинг Халанд, тврдат медиумите на Островот. Норвежанецот добил понуда која е невозможно да се одбие, петгодишен договор и годишна плата од 30 милиони евра, а неговиот агент Мино Раиола ќе добие сензационална провизија од дури 70 милиони евра.

Дел од таа неверојатна сума ќе оди кај таткото на Халанд, Алфа Инге.

Халанд дојде во Борусија Дортмунд во зимскиот преоден рок во 2020 година од Салцбург со обештетување од 20 милиони евра. Оттогаш, тој одигра 84 натпревари за клубот од Дортмунд, на кои постигна 80 гола и забележа 22 асистенции.

За Халанд се заинтересирани и Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Пари Сен Жермен, но најверојатно ќе ја прифати понудата на „граѓаните“.

Scroll to Top