Дваесетте премиерлигашки клубови ќе поделат околу 2.7 милијарди фунти од ТВ-правата во Премиерлигата, а шампионите Манчестер сити по третата титула едноподруго ќе ддобијат рекордни 166 милиони фунти.
Минатата сезона тимот на Пеп Гвардиола инкасираше 153 милиони фунти, но оваа година оваа сума ќе биде зголемена поради подобрениот прилив на пари од странските преноси на англиската лига.
Секој клуб добива пари според различни критериуми – еднаква распределба на парите од ТВ-преносите, позиција на табелата, процент од просекот на преноси на нивните мечеви во Велика Британија, и процент според комерцијалниот приход на лигата.