Top Sport

Сити не биле подготвени да ја освојат ЛШ

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, не е сигурен дали е неговиот тим подготвен да ја освои титулата во Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ во последните две сезони испаѓаа во четврт-финалето и тоа од конкурентите во Премиер лигата (Ливерпул и Тотенхем).

„Чуѓето зборуваат за Лигата на шампионите, зборуваат за таа наша цел. И понатаму не сме подготвени. Многу креираме, не примаме голови, но мораме уште многу да напредуваме. Постигнавме многу голови во последните две сезони, но мора да продолжиме да работиме и само да работиме“, рекол Гвардиола.

Манчестер сити по првите две кола во Лигата на шампионите, во групата со Шахтјор, Динамо Загреб и Аталанта имаат две победи.

Scroll to Top