Top Sport

Тајм-аут на Томиќ: Играјте што сакате (Видео)

Актуелните шампиони во АБА-лигата, кошаркарите на Црвена ѕвезда, синоќа доживеаја шокантен пораз во Ново Место од Крка 79:77. Ова е втор пораз во првите три кола за „црвено-белите“. Минатата сезона во регуларниот дел од сезоната екипата што ја предводи Милан Томиќ, забележа само еден пораз.

Токуму тренерот на Црвена ѕвезда е тема на социјалните мрежи, поради начинот на кој што го одржа тајм-аутот на една минута и 50 секунди до крајот кога Јошило погоди тројка за 76:73.

Томиќ побарал минута одмор, а на играчите кратко им порачал. „Играјте како што сакате“.

Scroll to Top