Бернардо Силва стана 11-тиот фудбалер на Манчестер сити кој во последните 15 месеци го продолжил договорот со англискиот шампион, ставајќи потпис на договор до 2025 со месечна плата од одлични 150.000 фунти.
24-годишниот Португалец има фантастична втора сезона на „Етихад“ во која стана миленик на публиката, но и на соиграчите кои му наметнаа прекар „Пабло Пикасо“. Тој потпишува долгорочен договор со тимот на Пеп Гвардиола, откако претходно истото го напраивија Рахим Стерлинг, Ајмерик Лапорт и Едерсон.
„Вистинска чест е да го продолжам договорот со Манчестер сити, бидејќи ова е клуб што нуди сè што е потребно да си ги остварите амбициите и не би сакал да бидам на ниту едно друго место. Го сакам клубот, го сакам менаџерот, ги сакам соиграчите и ги сакам навивачите. Стилот на фудбал кој го играме ме возбудува и сакаме нови титули“, вели Силва.
Oooooooh yeah! He’s staying! ?
? #mancity pic.twitter.com/LxRALUaBAC
— Manchester City (@ManCity) March 13, 2019