Top Sport

Сити не се како Ливерпул – нема да ги користат државни пари за своите вработени

Актуелните англиски шампиони Манчестер сити нема да го следат примерот на Ливерпул и нема да ја користат владината шема за помош на вработените и ќе ги исплаќаат целосните плати на своите вработени.

Неколку клубови, вклучувајќи ги Ливерпул и Тотенхем беа под критики на јавноста откако ја искористија владината програма за плаќање на 80 отсто од платите на своите вработени (без фудбалерите) во време на кризата со корона вирусот.

Сити, кои се во сопственост на милијардерот Шеик Мансур и неговата „Абу Даби групација“ се првите кои јавно кажаа дека нема да ја користат оваа шема.

„Можеме да потврдиме дека по препорака на претседателот бордот на клубот реши да не се користи шемата на Британската влада. Остануваме да ги штитиме нашите луѓе, нивните работни места и да го работиме нашиот бизнис и во исто време да ја поддржиме нашата заедница во ова тешко време“, се вели во соопштението на  Сити.

Околу платите на фудбалерите, уште трае конфликтот на Асоцијацијата на фудбалери (ПФА) со Премиер лигата за прифаќање на кратење на платите за 30 отсто, а капитените на англиските премиерлигаши се „здружија“ против овој предлог.

Scroll to Top