Top Sport

„Црвените ѓаволи“ подобри од Интер (Видео)

Манчестер Јунајтед од Австралија се преселија во Кина и во првиот меч забележаа минимална победа над Интер 1-0. Единствениот гол го постигна Мејсон Гринвуд.

Избраниците на менаџерот Солскејр одиграа одлично во првото полувреме, меѓутоа не реализираа ниту една од неколкуте шанси. Интер се разбудија во вториот дел кога на теренот влезе Иван Перишиќ, меѓутоа и во тој период Јунајтед беа подобар ривал на теренот.

Решавачкиот момент на мечот се случи во 76 минута кога Гринвуд успеа да го совлада голманот на Интер Самир Хандановиќ.

Ова е трета победа за Јунајтед од почетокот на подготовките, претходно во Австралија ги победија Перт и Лидс Јунајтед.

Наредниот меч „црвените ѓаволи“ ќе го одиграат против Тотенхем за пет дена, додека пред Интер е мечот со Јувентус.

Scroll to Top