Манчестер сити во знак на почит кон својот напаѓач Серхио Агуеро ќе му дозволат на Аргентинецот сам да одлучи кога и како ќе го напушти тимот, јавува британскиот „Дејли мејл“.
31-годишниот Агуеро уште еднаш го потврди статусот на легенда на Сити, постигнувајќи хет-трик при 6:1 победата над Астон вила за да стане најдобриот странски стрелец во историјата на Премиер лигата. Тој има договор до крајот на следната сезона, и честопати зборуваше за својата желба да се врати во клубот од детството, Индепендиенте.
Зад кулисите, шефовите на Сити почнаа со потрага за наследник на Агуеро со Хери Кејн и Лаутаро Мартинез како главни кандидати, но во знак на почит кон својот најдобар стрелец, тие се возддржуваат од обиди за трансфери на нови напаѓачи, резервирајќи „посебен третман“ за фудбалерот.