Top Sport

Сити остануваат без Сане шест недели

Германскиот напаѓач на Манчестер сити, Лирој Сане ќе биде во аут шест недели поради повредите на лигаментите во скочниот зглоб добиен при страшниот фаул во дуелот од ФА купот со Кардиф.

22-годишниот Сане беше повреден по стартот на Џо Бенет и не го заврши натпреварот, кој Сити го доби со 2:0. Сане има 11 гола и 14 асистенции за Манчестер сити оваа сезона, но сега ќе го пропушти финалето од Лига купот против Арсенал и двомечот од Лигата на шампионите против Базел.

Паузата од шест недели значи дека тој нема да биде во составот во дуелите од Премиер лигата против Вест Бром, Барнли, Лестер, Арсенал и Челси. Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола побара судиите да ги „заштитат“ играчите по инцидентот, но менаџерот на Кардиф, Нил Ворнок одговори дека такви стартови се „нормални“ во англискиот фудбал.

„Што да кажам. Според моето искуство, англискиот фудбал не е таков. Но, тој е поискусен од мене“, изјави саркастично Гвардиола.

Германците со закана за Кардиф за фаулот над Сане (видео)

Scroll to Top