Пеп Гвардиола е блиску до остварување на уште една желба за неговите Манчестер сити, откако според „Телеграф“, „сините“ се блиску до договор со бекот на Саутемптон, Виргин ван Дајк за фантастични 80 милиони евра.
За услугите на Холанѓанецот беа заинтересирани и Барселона како замена за Хавиер Маскерано, а дека е можен трансфер во јануари најави и тоа што тој не е во составот на Саутемптон на последните два натпревари. Ван Дајк дојде во Саутемптон од Селтик во 2015 и има договор со 2022 година.
„Има многу шпекулации околу Виргил, така што ќе треба да почекаме да видиме што е вистина“, вели тренерот на Саутемптон, Маурисио Пелегрино.
Сити има проблем со дефанзивците по постојаните повреди на капитенот Винсен Компани и на новото засилување Џон Стоунс. Друга опција за Сити е поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Џони Еванс, кој настапува за тимот на ВБА.
На најавениот трансфер коментар имаше и менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо.
„Манчестер сити купуваат бекови по цена на напаѓачи!“, коментираше Мурињо.