Top Sport

Сити продолжува да „гази“ во Премиер лигата, на +5 од Ливерпул (видео)

Англискиот шампион Манчестер сити стигна до својата 13 победа во 15-тото коло од Премиер лигата, откако на гостувањето кај Ватфорд имаше рутинска 2:1 победа благодарение на головите на Лирој Сане и Ријад Марез, пред домаќините да постигнат гол во финишот на натпреварот.

Со оваа победа, „граѓаните“ избегаа на пет поени пред Ливерпул на табелата, иако „црвените“ имаат меч помалку.

Брајтон го доби „жестокото“ дерби со Кристал Палас со 3:1, Вест хем се „истури“ на Кардиф со 3:1, додека Бурнемаут со 2:1 го доби дербито на „средината“ со Хадерсфилд.

ПРЕМИЕР ЛИГА, 15.КОЛО

Бурнемаут – Хадерсфилд 2:1

Брајтон – Кристал палас 3:1

Вест хем – Кардиф 3:0

Ватфорд – Манчестер сити 1:2

Фото: ЕПА




Scroll to Top