Top Sport

Заврши сезоната за Рафиња

Фудбалерот на Барелона, Рафиња, нема да може да игра за својот тим во наредните шест месеци, поради операцијата на лигаментите, соопшти медицинскиот тим на шпанскиот првак.

Рафиња се повредил на 11.ноември, на дербито против Атлетико во Мадрид. Тој овој натпревар го одигра до крај, но потоа ги пропушти натпреварите против ПСВ Ајндховен и Виљареал.

„Операцијата на левото колено кај Рафиња е извршена успешно. Операцијата ја изведе др. Рамон Кугат со помош на нашиот медицински тим. Очекуваме Рафиња да биде надвор од терените во наредните шест месеци“, стои во соопштението на Барселона.

Рафиња последните неколку сезони има проблеми со колената. Во минатите три години, тој ги скина вкрстените лигаменти во десното колено, а на истото колено го оперирал и менискусот.

Наместо Рафиња, Барселона за вториот дел од сезоната во Лигата на шампионите го пројави младиот Карлес Алења кој ќе го носи дресот со бројот 21.

Scroll to Top