Top Sport

Сити против Звезда ја започнува одбраната на титулата, две дерби пресметки во Ф групата

Вечерва стартува новата сезона во Лигата на шампионите, последна во формат со 24 екипи поделени во осум групи. Сезоната ќе ја отворат натпреварите Милан-Њукасл и Јанг Бојс-Лајпциг од 18.45 часот. Актуелниот шампион и според обложувалниците најголемиот фаворит за титулата, Манчестер сити, одбраната на трофејот ќе ја започне од 21 часот против Црвена звезда.

Е групата вечерва ги нуди дуелите Лацио-Атлетико Мадрид и Феенорд –Селтик. Интересен ќе биде натпреварот помеѓу италијанскиот и шпанскиот тим. Лацио и Атлетико играат променливо од почетокот на сезоната. Атлетико има проблем со повредени играчи. Надвор од тимот се двајца влијателни играчи од редот за врска, капитенот Коке и Аргентинецот Родриго Де Пол. Покрај нив повреден е и Тома Лемар, за него сезоната заврши минатиот викенд.

Ф групата е „група на смртта“. Милан лани играше во полу-финалето, добриот старт во новата сезона нема да го расипе ниту дебаклот од Интер во градското дерби. Њукасл по 20 години повотрно е дел од Лигата на шампионте. На „Паркот на принцовите“, ПСЖ ќе ја пречека Борусија Дортмунд.

Манчестер сити се наоѓа во Г групата. „Граѓаните“ вечерва ќе ја пречекаат Црвена звезда. Актуелниот шампион и покрај кадровските проблеми е апсолутен фаворит. Црвена звезда е во мала криза, загуби два од последните три натпревари во домашното првенство.

Барселона и Порто се издвојуваат како фавоти за првите две позиции во Х групата. Вечерва, Барселона ќе го пречека дебитантот во Лигата на шампионите Антверпен, а Шахтјор ќе го пречека Порто.

Scroll to Top