Top Sport

(Видео) И ова е можно, постигнат гол од аут

Натпреварот помеѓу американските колеџ тимови Северна Ајова и Дрејк (1:2) го одбележа Зои Махони.

Булдозите им го нанесоа првиот пораз сезонава на своите ривали во државата, но потегот на Зои Махони е она за што се зборува во фудбалскиот свет.

Таа, со салто ја уфрли топката од аут во петтата минута. Гол со рака во фудбалот не важи, но голманката на Северна Ајова ја допре топката пред таа да влезе во мрежата.

Вториот гол за победа го постигна Ема Нагел во 58. минута на асистенција на Анџела Гутиерез.

Scroll to Top