Дербито на Манчетсер, одиграно во 12.коло во Премиер лигата, му припадна на Сити. „Граѓаните“ забележаа лесна победа над Манчетер јунајтед 3:1.
Манчетсер сити во дуелот влезе како фаворит и дека нема намера да му ги препушти бодовите на градскиот ривал. Во раната фаза на натпреварот Давид Сива го совлада сонародникот Де Хеа. Капитенот на Сити погоди во 12.минута.
Сити со минимална предност влезе во вториот дел, а во 48.минута Серхио Агуеро. Аргентинецот го постигна осмиот гол оваа сезона и го мина Азар на првото место, на листата на најдобри стрелци.
Јунајтед во живот се врати десет минути по голот на Агуеро. „Црвените ѓаволи“ добија пенал кој го реализираше Марсијал.
Голот на Марсијал беше единственото нешто што го направија играчите на Жозе Мурињо. Сити победата ја потврди во 86.минута кога за 3:1 погоди Гундоган.
Сити остана на првото место на табелата со 32 бода, два повеќе од Ливерпул и четири од Челси. Јунајтед е осми со 20 бода.