Top Sport

Сити влегува во ритам, сега на -2 од Јунајтед со натпревар помалку!

По ремито без голови меѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед, Манчестер сити не направи грешка и со 4:0 ги совлада Кристал палас за да избие на второто место на табелата во Премиер лигата со само два поени зад Јунајтед и со натпревар помалку, промовирајќи се во прв кандидат за титулата.

Џон Стоунс го отвори резултатот во 26. минута по неверојатната асистенција на Кевин де Брујне, по што во второто полувреме следуваа уште три гола во мрежата на гостите. Илкај Гундоган во 58. минута зголеми на 2:0, Стоунс во 68. минута со вториот гол зголеми на 3:0, пред Рахим Стерлинг во 88. минута со фантастичен гол од слободен удар да стави печат на убедливата победа.

Со триумфот, тимот на Пеп Гвардиола има 35 поени на второто место, исто како и третопласираниот Лестер, и само два зад градскиот ривал Јунајтед. Палас, со само една победа во последните шест меча, се на 13. место со 23 поени.

Scroll to Top