Top Sport

Червар за СП во Египет: Ова е супа, ова е ништо!

Откако Хрватска стигна до 28:20 победа над Ангола и повторно не импресионираше со играта на СП во Египет, нивниот селектор Лино Червар сакаше да посочи дека хрватската репрезентација покажала што умее во минатото и дека овој Мундијал е „супа“, прво СП со 32 репрезентации.

„На ова првенство има два типа на репрезентации, тие кои не беа во изолација, туку тренираа цела година, и оние кои страдаа. Ние не бевме подготвени. Русите и Словенците летаат по теренот бидејќи имаа шампионати. Да не се повтори вакво СП. Со Катар ќе биде многу тешко, но Хрватска претходно покажа која е во Стокхолм и во Австрија, а ова тука е супа. Ова е ништо. ИХФ направи голема работа со 32 репрезентации, но каков квалитет ќе има кога репрезентациите два дена пред стартот дознаа дека патуваат. Некои репрезентации бараа авиони на 20 часа пред првенството. Вистинскиот квалитет ќе го видиме на Олимпијадата во Токио“, вели Червар.

Scroll to Top