Манчестер сити контактирале со Барселона за можен трансфер на Рафиња, кој би го пополнил местото на Ријад Марез, доколку тој ја прифати понудата од Саудиска Арабија, тврди „Фут меркато“.
Ал-Ахли веќе понудиле 20 милиони евра за Алжирецот, кој веќе се имал договорено за личните услови за трансферот и тимот на Пеп Гвардиола веднаш бара замена. Рафиња се пресели во Барселона минатото лето од Лидс јунајтед и имаше 50 настапи за каталонскиот клуб и има договор до 2027 година. И покрај ова Барса би прифатила „вистинска“ понуда.
Актуелните англиски и европски шампиони ќе прават мини-ремонт на тимот, откако капитенот Илкај Гундоган замина во Барса, а Кајл Вокер се договори со Баерн Минхен.