Top Sport

(Видео) Ван де Бек донесе победа за Јунајтед против Лион

Манчестер јунајтед ги продолжи подготовките со нов пријателски меч, овојпат против францускиот Лион во Единбург, Шкотска, победувајќи со 1:0 благодарение на голот на подзаборавениот Дони ван де Бек.

Ерик тен Хаг им даде шанса на многу фудбалери во пријателскиот меч, менувајќи го целиот тим освен голманот Матеј Ковар на полувреме. Единствениот гол на мечот падна во 49. минута, кога тинејџерот Даниел Гор му асистираше на Ван де Бек, кој со убав волеј го совлада голманот Антони Лопеш.

Scroll to Top