Работите стануваат полоши за Јувентус, откако УЕФА објави формална истрага за потенцијално прекршување на финансискиот ферплеј, но и на лиценцирање на играчите и фудбалерите.
Гигантот од Торино веќе е под истрага на финансиската полиција во Италија, но и на Лега Серија А за финансиски нерегуларности, односно за лажно прикажување на приходите во клубот и за тајни исплати на фудбалерите. Истрагата на УЕФА е фокусирана на две точки – лажните пријави за капитални инвестиции во клубот со вештачко кревање на вредноста на фудбалерите, и исплатите на плати во текот на пандемијата на КОВИД.
Бордот на клубот, вклучувајќи го претседателот Андреа Ањели, си поднесоа колективна оставка во понеделникот, и нов борд ќе биде поставен во јануари.
Во исто време, италијанскиот министер за спорт, Андреа Абоди предупреди дека случајот на Јувентус е само „почеток“ на притисокот кон лажните сметки во фудбалот.
UEFA opens investigation into Juventus over alleged final FairPlay breach following claims of financial irregularities brought by Italian prosecutors pic.twitter.com/3RgXT2cxqs
— tariq panja (@tariqpanja) December 1, 2022