Top Sport

Скај Спорт: Анчелоти од понеделник ќе ги предводи Евертон

Карло Анчелоти во понеделник ќе биде промовиран во нов тренер на фудбалерите на Евертон, тврди британскиот „Скај Спорт“.

Според овој извор, италијанскиот тренер в сабота ќе биде на трибините на „Гудисон“ и ќе го следни неговиот иден тим во дуелот со Арсенал.

Анчелоти со „карамелите“ ќе потппишел договор до 2022 годна, а ќе работел за годишна плата од 4,5 милиони евра.

„Скај Спорт“ најавува дека во стручниот штаб на Анчелоти ќе остане и Данкан Фергусон кого клубот го назначи како привремен наследник на отпуштениот Марко Силва.

Scroll to Top