Привремениот селектор на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Скалони, истакнал дека во националниот тим има место за Лионел Меси.
Најдобриот Аргентинец, по Светското првенство, реши да земе одмор од репрезентацијата, односно да не настапува за „гаучосите“ до крајот на оваа година.
Поради тоа е нејасно дали Меси ќе се врати во репрезентацијата или веќе ставил крај на кариерата во националниот тим.
„Сите играчи ги задржаа бројките што ги носеа на СП. Бројот 10 и натаму му припаѓа на Меси и така ќе биде се додека тој не реши дали ќе остане или не. Решив да му ја чувам бројката. Никој нема да ја земем десетката, тоа е моја одлука“, рекол Скалони.
Во првиот меч без Меси, Аргентина, во саботата, ја победи Гватемала со 3:0.