Лионел Скалони доби постојан договор со Фудбалскиот сојуз на Аргентина. Договорот го заслужил со освојувањето на третото место на Копа Америка 2019.
Скалони (41) започна да ја врши должноста селектор по завршувањето на Светското првенство во Русија, кога Аргентинците му врачија отказ на Хорхе Сампаоли.
Скалони со репрезентацијата оствари добри резултати во контролните натпревари, а на Копа Америка стигна до полу-финалето. По поразот од Бразил, во борбата за третото место Аргентина го победи Чиле.
Договорот предвидува Скалони да остане селектор до завршувањето на квалификациите за пласман на Светското првенство во 2020 година.