Top Sport

Скалони: Уште еден меч до место во рајот

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, по победата на неговата репрезентација против Хрватска (3:0) изјави дека се обидува да остане смирен во пресрет на мундијалското финале.

„Ја заслуживме победата. Го одигравме натпреварот како што треба. Одлично е што се пласиравме во финалето, но имаме уште еден натпревар до место во рајот. Се обидувам да останам смирен, а тоа е многу тешко”, изјави Скалoни.

Селекторот на Аргентина не може да се одлучи кого посакува за ривал во финалето в недела, Мароко или Франција.

„Тоа се две одлични селекции. Секоја од нив заслужува да биде во финалето“, додаде Скалони.

Една од главните улоги во победата над Хрватите имаше одличниот Лионел Меси. Тој го постигна првиот гол на натпреварот од пенал, а беше и асистент за третиот гол на Хулијан Алварез. Скалони не можеше да не ја пофали ѕвездата на Пари Сен Жермен.

„Меси е најдобриот во историјата. Не се сомневам во тоа. Вистинска среќа и привилегија е да го гледам во сино-белиот дрес”, истакна Скалони.

Тој испиша историја како четврти селектор на Аргентина кој го одвел тимот до финалето. Пред него тоа го направија Цезар Меноти, Карлос Билјардо и Алехандро Сабеља.

Scroll to Top