Top Sport

Скамака и Сасуоло го уништија Милан на „Сан Сиро“

Џанлука Скамака постигна еден фантастичен гол и беше главен при постигнувањето на уште еден за да ги предводи Сасуоло до импресивна 2:1 победа на „Сан Сиро“ против Милан, кои по совршениот старт на сезоната сега имаат два порази во низа.

„Росонерите“ дојдоа во водство во 21. минута преку Алесио Ромањоли, но тогаш блесна 22-годишниот поранешен напаѓач на Џенова, Скамака, кој прво во 24. минута постигна апсолутно прекрасен гол од огромна далечина, за во 33. минута да ја нафрли топката по која Симон Кјер си ја смести топката во сопствената мрежа. Скамака е еден од фудбалерите кои се поврзува со трансфер токму во Милан, така што на најдобар начин им демонстрираше на шефовите на клубот за што е способен.

Точка на мечот стави Доменико Берарди во 66. минута за голема победа на Сасуоло, по што Ромањоли доби директен црвен картон во 77. минута од мечот. Милан останува на второто место на табелата со 22 поени, само еден пред Интер, и еден поен зад Наполи, кои вечерва во дербито го пречекуваат Лацио.

СЕРИЈА А, 14.КОЛО

Милан – Сасуоло 1:3

Специја – Болоња 0:1

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top