Top Sport

Скандал со „местенка“ во Бразил – фудбалер си постигна бизарен автогол

Фудбалерите често си постигнуваат автоголови, и ако за некои од нив постои сомнеж дека се намерни, тоа не може да се каже за слуѓанот на Жулио Кампос во бразилските пониски лиги.

Во 89. минута од мечот, кога неговиот клуб Атлетико Амазоненсе веќе губеше со 1:3 од Сул Америка, Кампос ја доби топката од својот гол, се сврте и си постигна гол за да ги постави конечните 1:4.

Локалните медиуми веднаш го оценија мечот како скандалозен, односно наместен за точен резултат, а самиот Атлетико Амазоненсе преку соопштение изјави дека не поддржува „неспортско однесување“ и најави истрага. Федерацијата на провинцијата Амазонас веќе го пријави случајот во полиција.

Scroll to Top