Top Sport

Скандал во Ајакс – Овермарс го напушти клубот

Спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс, го напушти клубот, објави клубот од Амстердам. Овермарс, до колешките испраќал скандалозни и непримерни пораки, поради што морал да го напушти клубот.

„Марк Овермарс веднаш ќе го напушти Ајакс. Оваа одлука ја донесе по состанокот со надзорниот одбор и претседателот на Управниот одбор, Един ван дер Сар. Во подолг временски период тој на неколку колешки им испраќал вулгарни пораки“, соопшти фудбалскиот клуб Ајакс.

По клубот се огласил и 48-годишниот Овермарс, кој во кариерата играл за Го Ахед Иглс, Ајакс, Арсенал и Барселона.

„Засрамен сум. За жал, не сватив дека ја минав границата. Овие денови се ми стана јасно. Почувствував голем притисок. Се извинувам. Предоцна ми стана јасно дека особа на моја позиција не смее така да се однесува. Поради тоа морам да го напуштам Ајакс“.

Оваермарс е во Ајакс од 2012 година, минатата година го продолжи договорот до 2026. Во зимскиот преоден рок одби да стане спортски директор на Њукасл.

Scroll to Top