Top Sport

Конор ќе доаѓа во Москва, Хабиб веќе отпатува во Истанбул да го гледа Реал

Додека неговиот „вечен“ ривал Конор Мекгрегор оваа недела доаѓа во посета на Москва, рускиот УФЦ шампион Хабиб Нурмагомедов веќе е во Истанбул, каде што ќе го гледа вечерниот меч од ЛШ помеѓу Галатасарај и неговиот омилен Реал Мадрид.

Двата тима немаа најдобар старт на ЛШ, со само еден поен во првите два меча, и Хабиб може да има подвоени симпатии вечерва, бидејќи иако е јасно дека е навивач на Реал откако претходно доби дрес од Кристијано Роналдо (додека Португалецот беше во Мадрид), тој во младоста беше забележан и со дрес на Галата.

Хабиб, кој зборува турски, ја посети Турција и минатата година кога доби прием од претседателот Реџеп Таип Ердоган. Нурмагомедов беше и на првиот меч на Реал од ЛШ во Париз, кога „кралевите“ доживеаја незгоден 3:0 пораз од ПСЖ.

Конор пристигнува во Русија – во четврток прес во Москва!

Scroll to Top