Фудбалерот на Барселона Жерар Пике се договорил со првиот човек на шпанската фудбалска асоцијација, Луис Рубиалес, според кој имале мисија да го донесат Суперкупот на оваа земја во Саудиска Арабија.
Ексклузивни информации поткрепени со аудио снимки објави „Ел Конфиденсиал“, во кои се открива дека Луис Рубиалес го повикал Жерар Пике, преку својата компанија „Космос“, да ги регрутира саудиските власти, шпанскиот Суперкуп да се игра во Ријад. Му ветил на дефанзивецот на Барселона, дека за возврат ќе добие шест милиони евра!
Шпанскиот фудбалски сојуз за секое издание од Суперкупот, во наредните шест години ќе добие по 40.000.000 евра. Пике и неговата компанија вкупно ќе добијат 24.000.000 евра. Рубиалес во сите договори се обидувал да го сокрие името на фудбалерот на Барса, но тоа сепак стигна во јавноста.
„Ајде да видиме, Руби (Луис Рубиалес), кога станува збор за парите. Ако на Реал му припаднат осум милиони… Проклети осум одат за Реал, а исто толку за Барселона… На другите ќе одат два милиони и еден Значи тоа се 19 милиони, ти на Сјузот му даваш шест милиони и ви остануваат уште шест, ќе ја исклучиме Саудиска Арабија. Ако не, ќе кажеме дека Реал нема да дојде“, му вели Пике на својот „пајтос“ во еден од разговорите.
На 15 декември 2019 година, Рубиалес му честиташе на Пике за склучениот договор, што може да се слушне на аудио снимките. Шпанскиот Суперкуп за прв пат се одигра во Ријад во 2020 година.
EXCLUSIVA | Rubiales pactó con Piqué un pelotazo de 24 millones por la Supercopa en Arabia: "Os quedáis seis kilos" #SupercopaFileshttps://t.co/fC8aW4G4Ge
— El Confidencial (@elconfidencial) April 18, 2022