Top Sport

Скандал: Заниоло и Тонали обвинети за нелегално обложување

Италијанските репрезентативци Николо Заниоло и Сандро Тонали се под полициска истрага бидејќи се обвинети за можна вмешаност во нелегално обложување.

Како што пренесуваат медиумите во Италија и Англија, двајца поранешни фудбалери на Рома (Заниоло) и Милан (Тонали) по разговор во полициска станица го напуштиле кампот на репрезентацијата во Коверчано, во близина на Фиренца.

Веста дека полициските истражители испрашале двајца фудбалери ја потврдија повеќе извори, а на крајот со соопштение излезе и Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ).

ФИГЦ ја потврдува полициската истрага и откри дека и Тонали и Заниоло се вратени во своите клубови и нема да играат на претстојните квалификациски натпревари против Малта и Англија.

Се тврди дека Заниоло се обложил на натпреварот на Рома во Купот на Италија кога бил член на оваа екипа.

Како што пренесува „football-italia.net“, иако Заниоло оттогаш се пресели во Астон Вила, а Тонали од Милан во Њукасл јунајтед, секоја забрана за кршење на правилата за обложување би била проширена на сите натпреварувања организирани од УЕФА и ФИФА.

Доколку се потврдат наводите, тогаш Заниоло би бил во особено тешка позиција, бидејќи обложувањето на сопствен тим е незаконско, што ги надминува правилата на системот на спортска правда.

Scroll to Top