Top Sport

Пелистер пружи добар отпор, сепак не успеа да избегне пораз од ПСЖ

Еурофарм Пелистер и по четвртото коло се уште е без победа во Лигата на шампионите. Македонскиот шампион вечерва загуби од во Париз од ПСЖ со 31:26 (15:12).

Еурофарм Пелистер одигра уште еден добар натпревар, за кој како и во претходното коло со Кил не беше награден со позитивен резултат. На индивидуален квалитет и искуство ПСЖ го доби натпреварот.

Првото полувреме беше егал до последните пет минути кога ПСЖ успеа да изгради предност од три гола.

Во второто полувреме, играчите на ПСЖ немилосрдно ги казнуваа повремените падови во играта на Пелистер. Два пати направија серии од по 4:0 што им беше доволно да ја обезбедат победата.

Најефикасни во редовите на пелистер беа Борзаш и Пешевски со по пет гола, голманот Лесјак имаше девет интервенции. ПСЖ го предводеше Сипжак со седум, односно Тонесен и Балангер со по четири гола. Паличка имаше 10 одбрани.

Foto/ facebook.com/hceurofarmpelister

Scroll to Top