Top Sport

Скарони: Јуве нема шанси со Милан – тие се италијански, а ние светски клуб

Претседателот на Милан, Паоло Скарони реши да влезе во провокација над големиот ривал Јувентус, оценувајќи дека „бјанконерите“ уште не се ниту блиску до успесите на неговиот клуб и покрај доминацијата ов последните години.

Јувентус има седум титули во низа во Серија А, а успеа да го привлече Кристијано Роналдо на трансфер во Торино, додека Милан по големите финансиски проблеми и слабите резултати нема да игра во Европа оваа година (поради казната од УЕФА, но и поради шестото место во лигата). Сепак, Скарони вели дека тоа не го прави Јувентус поголем клуб.

„Милан е светски клуб, додека Јувентус сепак, останува само италијански клуб. Милан седум пати беше европски шампион и кога се работи за глобалната популарност, Јувентус не е ниту блиску до нас. Ние продаваме дресови во Индонезија, Тајланд и Бразил, а таква популарност се добива во Лигата на шампионите. Секако, секоја чест за домашните титули и тоа е голем успех, но само италијански“, вели Скарони.

Запрашан зошто Милан е толку ниску на италијанската и европската сцена во последните години, Скарони има јасен одговор.

„Многу едноставно, се работи за парите. Милан заработува 200, а Реал Мадрид 700 милиони евра, така што тие можат да си приуштат фудбалери. Покрај тоа, ние градиме нов стадион, бараме нови спонзори и тоа одзема пари и внимание“, додава Скарони.

Scroll to Top