Top Sport

Мата: Борбата на Рапино со Трамп ми е голема инспирација

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Хуан Мата побара повеќе фудбалери да го следат примерот на американската ѕвезда Меган Рапино, која предизвика бура реакции во САД по освојувањето на златото на Светското првенство во Франција.

Рапино беше вклучена во јавна расправија со американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека „администрацијата не се бори за исти работи како ние тука“. Мата ја запозна Рапино откако таа се приклучи на неговата иницијатива „Заедничка цел“ со одвојување на 1 процент од својата плата за добротворни цели и Мата вели дека Американката му е инспирација.

„Таа постигнуваше голови на секој натпревар и го освоија Мундијалот, така што може да си дозволи да го каже тоа. Ако имаш време да ги правиш и работите кои не се поврзани со фудбалот и да се бориш за по-фер општество мораш да го правиш тоа“, вели Мата.

Рапино беше една во низата на луѓе од светот на фудбалот која се побуни за различни социјални теми. Рахим Стерлинг, Ектор Белјерин и Дени Роуз зборуваа за расизмот, еколошките проблеми и менталните болести и Мата вели дека фудбалерите мораат да бидат одговорни.

„Фудбалерите мора да зборуваат за тоа што им е на умот. Убаво е кога ќе се слушне Дени, Рахим или Ектор“, вели Мата.

Scroll to Top