Европската фудбалска унија (УЕФА) ја претстави маскотата за Европското првенство во фудбал во 2020 година. Маскотата го доби името Скилзи.
На официјалната промоција учествуваа Лив Куки и Тобајас Бекс кои се вистински волшебници со фудбалската топка.
Скилзи е наследник на Супер Виктор, кој беше официјална маскота на Европското првенство во 2016 година во Франција.
ЕУРО 2020 година ќе се игра во 12 градови низ Европа, а завршницата (полу-финале и финале) ќе се игра во Лондон.
До почетокот на ЕП остануваат уште 15 месеци, а организаторите најавија дека Склизи е само едно од изненадувањата што ги подготвиле да официјалното отворање.