Легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс вели дека преодниот менаџер на клубот, Ралф Рангник едноставно нема доволно тренерско искуство по 1:1 ремито со Саутемптон, нивно второ реми во низа.
„Лоши седум дена. Но, во основа лоши шест или седум месеци. Отказот за Оле беше предвидлив, сите го знаеме тоа, но дали имаше план? Ќе си помислите дека има план, дека ќе донесат елитен врвен тренер, бидејќи се работи за Ман јунајтед, мора да биде најдоброто. Но, тие немаа план и донесоа, во основа, спортски директор. Мислам дека тој има тренирано само две години во последните 10. Не ме сфаќајте погрешно, ми се допаѓа човекот, испаѓа навистина солиден, но изгледа дека му недостасува тренерско искуство. Видете ја разликата денеска со Саутемптон – тие беа брилијантни и беа тим со тренер, со метод, со план. Јунајтед се без план – Мектоминеј еднаш остана сам во средината, а потоа Погба истото. Каде играше денеска Бруно Фернандеш?“, се прашува Сколс.