Фановите на Манчестер јунајтед се потсетија на „старите добри денови“ оваа недела, откако легендарната двојка Пол Сколс и Двајт Јорк се пофалија со заедничка фотографија на Инстаграм, но уште еден поранешен нивни колега, Патрис Евра се налути на тоа што го сметаше дека е „удар“ кон сегашниот тим на „ѓаволите“.
„Е, ова е напаѓач! Добро е да те види човек, Двајт Јорк“, напиша Сколс на Инстаграм покрај фотографијата со Јорк.
Евра не беше премногу среќен, сметајќи го коментарот како критика на сегашниот тим на Јунајтед, кој е без повредениот Маркус Рашфорд, со Антони Марсијал во лоша форма и со новото засилување, Нигериецот Одион Игало.
„Зошто мораше да го спомнеш напаѓачот? Престани да фрлаш бомби, Сколси“, напиша Евра.